|
Во срцето на
Медитеранот, на Јадранското и Јонско море, Албанија полека станува една од
најнеобичните туристички дестинации во светот. Долгогодишната изолираност од
надворешниот свет пресатавува предизвик за голем број посетители и со голем
љубопитност се зборува за нејзиниот потенцијал. Сеуште нерасипана од
глобализацијата, комерцијализацијата и искреноста на нејзините жители од
различна етничка и верска припадност.

Сместена помеѓу Грција, Македонија,
Косово и Црна Гора, како и Италија преку море, таа поседува кристално чисто
море, убави плажи, сурови планини, реки, езера и шуми, но и голем број
археолошки наоѓалишта и културно наследство.
Мал проблем е сеуште недоизградената инфраструкрура
на патишта и електричната енергија , но тоа не е доволна пречка да не се посети,
заради сите други предности, како и укинатите визи за македонските
граѓани (1 еур по лице) и најбитно -пристојните цени на сместувањето и храната.
Наша препорака е да ја искористите можноста да ја
посетите и тоа во целосна наша организација - со вклучен превоз, сместување и
исхрана.
Ви нудиме две дестинации и тоа: Валона( Влоре) и Драч
(Дурес).
Види
видео..
Земи брошура..

Валона - туристичко место со огромен
потенцијал, за кое се предвидува да во наредните 10 години стани едно од
најпосетуваните дестинации за европскиот турист од средна класа. Големите
инвестиции се забележуваат на секој чекор и сигурно ќе се изненадите со
квалитетот на понуденото. Мал проблем преставува недовршениот автопат до Валона
па последните 40-50 км се возат по прилично лош и доста фреквентен пат. Затоа ви
препорачуваме да користите орагнизиран превоз од Македонија.


фОТОГАЛЕРИЈА:::
Драч - најголемиот и најпосетуваниот
туристички центар во Албанија, со подобар пат од Валона , но и со поголема
несреденост, гужва и бука.

 |